29 март, 2024
ПочетнаЛЕТНА ПОНУДАДенес ЈК Травел ве води на едно луксузно патување во Турција во...

Денес ЈК Травел ве води на едно луксузно патување во Турција во Кемер

antalija_5

Кемер се наоѓа на турскиот медитерански брег, во шумската долина опкружена со планината Таурус.

Ова е едно од најубавите летувалишта во оваа област, сместено недалеку од модерна Анталија

Бидејќи во текот на целата година во него преовладува блага медитеранска клима, во лето е прилично топло и суво, со просечна температура помеѓу 25 и 30 степени Целзиусови. Сепак жешките температури нема да Ви пречат бидејќи повремено дува ветер кој го освежува воздухот. Просечната температура на водата, во Лето е 26 степени Целзиусови. Исто така, во ова време цветаат цвеќињата во парковите, палмите, како и разните видови цитрус.

Кемер, од едната страна е опкружен со чисто море, а од другата страна со прекрасни планини. Одмаралиштето е прекрасно, а песочните плажи се идеални за одмор што опушта или за истражување на природата, ако сте авантурист. Најпопуларни плажи се градската и плажата со ресторани, кафулиња  и бродови.

antalya_

Водени спортови кои се на располагање се парасејлингот, виндсурфингот, нуркањето, скоковите во вода, скијањето на вода и слично.

Кемер исто така има и неколку историски локалитети вклучувајќи ги остатоците од древниот град Фаселис, каде е откриена прочуената Хадријанова карпа. Нешто понатаму се и градовите Олимпос и Цирали. Одмаралиштето е познато и по паркот Јорук во кој се наоѓаат преубави шеталишта и дрвја. Ако почувствувате потреба да истражувате, посетете го и Camyuva или посетете ја Анталија за да го почувствувате вистинскиот „ градски шмек “.

4410460706898998

ЈК ТРАВЕЛ ви нуди хотели кои при првиот поглед  ве воодушевуваат со спектакуларната ахитектура . После тоа ве воодушевуваат со преубавите базени , вкусните јадења и широката песочна плажа. Екстраваганцијата на луксузот и понудените услуги ги надминуваат Вашите замисли. Незаборавни одмори за вас.  овие хотели може да се прослават боси забавите на плажа и луксузот на една кралска палата, спремните келнери да ја наполнат штотуку испразнетата чаша или кулинарската парада од сите светски вкусови, неограничена забава во елегантниот хол.

ANTALIJA

1121

Замислете еден фрагмент од луксузните вили на Св.Тропе со бисерни базени , додадете еден прекрасен воден парк , многу игри за децата , еден огромен амфитеатар и сместете ги во прекрасната широка плажа на Кемер. Ова е сликата што се преставува пред вас во луксузните хотели во Кемер. Но не завршува со толку : има изненадувања во секој чекор : прекрасен детски клуб , соби уредени со луксузни детали , ресторани кои нудат прекрасни вкусови , специјално мени за децата , занесувачка перформанса и услуга од прва класа. Хотел, преполн со светлина , останува во трајно сеќавање, се е создадено за Ваша удобност и задоволство. Ултрамедитеранскиот декор на собите ве подмитува до степен на дилема : Дали да излезам или да останам во соба? Целиот тим на хотелот е посветен на исполнување на Вашите желби.Голем дел од територијата на хотелот зафаќа големиот базен со водените атракции. Екстраваганцијата на луксузот и понудените услуги ги надминуваат Вашите замисли !Одморите во овој хотел немаат друга алтернатива.

_Titanic Beach and AquaPark1

beach-party

На овој линк можете да ги погледнете сите понуди на хотели и ресорти : http://jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=268  Почуствувајте го луксузот на ваша кожа и одберете го идеалниот хотел за вас,за сите подетални информации можете да се јавите на :  Скопје тел.02 6 14 98 99; Битола 047 220 248 и Штип 032 609 221
www.jk.com.mk

1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП