29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОNissan е новиот спонзор на Манчестер Сити

Nissan е новиот спонзор на Манчестер Сити

nissan-city

Шампионот на Англија, Манчестер Сити потпиша договор за спонзорство со јапонски „Nisѕan“, кој со овој потег се надева дека ќе го зајакне својот бренд во Европа и да се обиде да ја надмине „Toyota“ како најпродаван азиски производител на стариот континент.

„Nisѕan“ со групацијата „City Football“, сопствениците на Манчестер Сити, потпишаа петгодишен договор кој, меѓу останатото, подразбира и снабдување со електричниот „Leaf“ модел за вработените во новиот тренинг центар во Манчестер, кој ќе се отвори подоцна во оваа година.

Вкупната висина на договорот не е објавена, а извршниот директор на „Nisѕan“ Карлос Госн изјави дека договорот глобално ќе го зајакне нивниот бренд.

За „Nisѕan“ ова е второ големо вложување во европскиот фудбал, поради тоа што следната сезона ќе биде официјален спонзор на Лигата на шампионите.

Од другата страна на градот, лутиот ривал Манчестер Јунајтед и покрај тоа што брендот „Chevrolet“се повлекува од Европа и натаму има деветгодишен договор со „General Motors“вреден 559 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП