28 март, 2024
ПочетнаЛЕТНА ПОНУДАПонуда на денот од ЈК Травел - Хургада Египет

Понуда на денот од ЈК Травел – Хургада Египет

egipet1

Денес ве водиме на инфо тура во преубавиот Египет,Хургада која до неодамна беше само мало рибарско село, сега е меѓународно познат центар за површинско и длабинско нуркање, а не можеме а да не ги спомнеме и богатите подводни градини.

egipet

Убавината не Хургада се состои во тоа што поседува разнобојни гребени, пребогати со шарени риби кои пливаат на само 10 метри од брегот и на тој начин овозможуваат сите да уживаат во нивната убавина. Оние кои сакаат да видат нешто повеќе можат да појдат на патување со брод со стаклено дно и така да ги набљудуваат убавините низ кристално проѕирната вода.

egipet4

Хургада нуди најразлични атракции, каде и најспецифичните вкусови на туристи ќе бидат задоволени. “Куќата на делфините” е едно такво обележје, а всушност е огромен гребен, во вид на полумесечина, со плитка внатрешна лагуна. Покриен е со илјадници корали и е дом на неколку видови делфини. Максимална длабочина на водата овде е 12м.

egipet5

“Малиот Гифтун” кој се наоѓа во рамките на националниот парк “Гифтун” e фантастична забава за поискусните нуркачи. Изобилува со разни пештери, кањони и стрмни ѕидини, потоа црни корали и големи риби како што е ајкулата со бел опаш, баракуда и ајкулата – кит.

egipet7

Аквариумот е дел од мрежната корална градина, со максимална длабочина од 15 метри и е одлично место каде можете да учите да нуркате. Вкупно во Хургада има околу 300 видови корали, 500 видови риби, желки, делфини и други животинки.

Морската средина во Хургада е заштитена со закон и постојат места каде се наплаќа за да можеет а се капете и нуркате. Таа мала надокнада потоа оди во фондот за зачувување на околината.

egipet6

Ако се решите ова лето токму ова да биде ваша локација за одмор, имајте на ум дека треба да бидете внимателни со коралите. Ним им треба многу години да пораснат, а се многу  нежни и лесно може да се оштетат.

Во склоп на Хургада препорачливо е да ги видите и римските архитектонски остатоци.

Оваа година Хургада има супер цени во сите ресорти и хотели од 5* па и во оние со 3 или 4 ѕвезди. На овој линк ке можете да ги погледнете понудите за Хургада кој по одлични цени ви нудат луксузен одмор во некој од ресортите

 http://jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=340

Повеќе информации можете да добиете во канцелариите на ЈК ТРАВЕЛ во Штип,Скопје и Битола на телефоните :

Скопје тел.02 6 14 98 99; Битола 047 220 248 и Штип 032 609 221

www.jk.com.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП