25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе подготвува масовна „чистка“ на „Олд Трафорд“

Се подготвува масовна „чистка“ на „Олд Трафорд“

soblekuvalna man utd

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал планира да ја започне својата работа на „Олд Трафорд“ со најголемата „чистка“ на фудбалери во историјата на клубот, пишува „Дејли експрес“ во денешниот број.

Над 10 играчи на „црвените ѓаволи“ се очекува да го напуштат клубот, откако холандскиот специјалист веќе има изградено мислење за тоа кои се тие. Според изданието под закана се Нани, Маруан Фелаини, Ешли Јанг, Шинџи Кагава, Хавиер Ернандес, Том Клеверли, Андерсон, Вилфред Заха, како и играчите кои минатата сезона беа позајмени Бебе и Ник Пауел.

Манчестер Јунајтед веќе се раздели со Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Александер Бетнер и Федерико Македа, додека Патрис Евра е многу блиску до трансфер во Јувентус.

Рајан Гигс пак ќе ја прекине блескавата кариера и веќе ќе ја има улогата на асистент на Ван Гал.

Во моментов Манчестер Јунајтед располага со 37 фудбалери во првиот состав, а поради недостатокот на европски фудбал на „Олд Трафорд“ во текот на оваа година значи дека Ван Гал сака да работи со состав од околу 23-24 фудбалери. Токму тоа е во основата на масовната „чистка“, која холандскиот специјалист ќе ја стартува на новото работно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП