24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: За титулата германците ќе добијат по 300.000 евра

СП 2014: За титулата германците ќе добијат по 300.000 евра

premii germanija

Фудбалерите на Германија заслужија рекордна премија за освојување на четвртата светска титула.

Секој играч од Бундестимот ќе заработи бонус од 300.000 евра по успехот со 1:0 во продолженијата над Аргентина во финалето на СП 2014 во Бразил. Сумата е прилично пристојна за 53-те дена од почетокот во подготвителниот камп на тимот на 21-ви мај во Јужен Тирол.

Досега највисока премија беше доделена од Германската фудбалска федереација при пласманот во финалето на Евро 2008, кога играчите зедоа по 150 илјади евра. Сега федерацијата ќе одвои вкупно 11,16 милиони евра за бонуси, бидејќи во националниот тим за време на успешните светски квалификации беа селектирани 31 фудбалер, а секој добива по 20 илјади евра за покана.

Премиите на тренерот Јоаким Лев и неговите помошници по традиција не беа објавени. Федерацијата ќе заработи и рекорден приход од ФИФА од 35 милиони долари (25,6 милиони евра) за освоената светска титула.

Претседателот Волфганг Нирсбах сепак објасни дека чистата добивка ќе биде околу 3 милиони евра поради големите трошоци на тимот за престојот во Бразил. Сумата ќе биде поделена со Германската фудбалска лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП