18 април, 2024
ПочетнаЛЕТНА ПОНУДАПонуда на денот од ЈК Травел – Раскошниот остров ТАСОС

Понуда на денот од ЈК Травел – Раскошниот остров ТАСОС

tasos 1

ЈК Травел денес ве води на едно разладувачко патување во како што го и нарекуваат овој остров –  „Зелениот дијамант“  заради својата раскошна убавина и зеленило или уште во митологијата е познат како „Островот на сирените“.

Тасос е најсеверниот остров на Егејскиот Архипелаг кои велат дека плени со својата убавина уште на прв поглед. Ако сакате убави плажи, прошетки, грчка храна и вино, романтика, забава – ова е вистинското место за вас.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив.

tasos 2

За нас е голема предност што ова е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје). Траект може да фатите од Кавала или Керамоти и ќе ве чини од прилика 30 евра за двајца во еден правец.

Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот. Ќе ве воодушеват боровите шуми, чистиот воздух и кристално чистото море.

tasos 3

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”

Тасос има вкупна површина од 379 илометри квадратни и не се смета за голем остров. За да го обиколите целосно треба да изминете само 90 километри и токму тоа ви дозволува целосно да го истражите овој романтичен остров без разлика на кој дел од него се наоѓате. Населението најчесто се занимава со риболов и затоа ќе можете да уживате во прекрасна свежа риба во некоја од многуте таверни. Друга значајна карактеристика за островот се рудниците. И покрај тоа што туризмот е главна економска моќ, тој е богат и со аграрни продукти од кои најпознати се маслинките, маслиновото масло и медот.

tasos 4

Вообичаено, Тасос е совршено место за одмор на вљубените парови и семејства со деца токму поради интимната атмосфера што ја нуди, но во поголемите градови забавата може да ја пронајдат и љубителите на гласна музика и коктели.

Поголеми и позначајни места се пристаништето и главниот град Тасос, Лименарија, Пефкари и Потос.

tasos 5

Атрактивни места за посета:

– Ирис Голд, фабриката за изработка на скапоцен накит, а воедно и продавница

– Манастирот Св. Архангел Михаил (забранет е влез со куси панталони и маички со куси ракави)

– Археолошкиот музеј на Тасос, во градот Тасос

– Езерото во карпа Гиола (тешко достапно, но вреди да се види)

– Фолклорниот музеј во Лименарија

tasos 6

Плажи за посета:

Речиси секое гратче си има своја градска плажа, меѓутоа вреди да се истакнат плажите на Пефкари, Рајската плажа, Golden Beach и прекрасната плажа со кристално чиста вода Псили Амос (што во превод би значело ситен песок). Убавината на Тасос е во тоа што има огромен број на пусти и организирани песочни плажи и што истите можете да ги посетите за еден или два дена.

Limenaria е второ по големина место на островото Тасос. Заземајќи го своето место на најјужниот дел на островот, ова туристичко гратче е постојано заплиснато се топлото море и медитеранското сонце. Неговите песочни плажи над кои се спуштаат сенките на зелените дрва се специфична слика за него. Објектите за сместување за овогодишната сезона се зголемени со капацитет, задржувајќи го предходно прифатениот квалитет и стандард при сместувањево нив. Посетата на блиските и познати места како: Потос, Пефкари и Скала Потамиа со најубавата плажа на островото – прекрасната “Golden beach”… се само дополнителен впечаток и спомен, кој ќе го понесете со себе по вашето заминување од него

Повелете линк на кој можете да ги погледнете цените и понудите за овој остров : http://jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=374

tasos 7

Превоз:

На островот има две пристаништа, од кои главно е она во градот Тасос.

Градовите Лименарија и Потос се поврзани со осветлена пешачка патека, па со прошетка од половина час можете да стигнете од едното место до другото.

Секако, има и јавен превоз, а главната автобуска станица се наоѓа во градот Тасос и има редовни линии до сите помали гратчиња.

Најисплатливо за туристи е да изнајмат мотор или автомобил бидејќи цените се пристапни, а така ќе бидат во можност потполно да го почувствуваат духот на овој мал и убав остров.

tasos 8

За сите информации и резервации контактирајте не на:  Скопје тел.02 6 14 98 99; Битола 047 220 248 и Штип 032 609 221

www.jk.com.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП