20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин на Куба и простува 31 милијарда долари долг

Путин на Куба и простува 31 милијарда долари долг

476616659-russian-president-vladimir-putin-looks-on-during-a.jpg.CROP.promo-mediumlarge

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на денешната посета на Куба потпиша договор со кој се откажува од враќањето на 90 проценти од огромниот долг на Хавана кон поранешниот Советски Сојуз.

На овој начин Москва на Хавана ќе и отпише повеќе од 31 милијарда долари долг. Путин денес пристигна во Куба во рамките на шестдневната посета на Латинска Америка.

Долниот дом на рускиот парламент го ратификуваше на 4 јули договорот на Русија и Куба со кој се предвидува отпис на долгот, кој е потпишан во 2013 година за време на посетата на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев на Хавана.

Вкупниот долг на Хавана кон Москва изнесува 35,2 милијарди долари, што значи дека ќе бидат отпишани 31,7 милијарди долари долг, а репрограмирано е и враќањето на остатокот од околу 3,5 милијарди долари на период од десет години.

Огромниот долг на Хавана кон поранешниот Советски Сојуз ги оптеретуваше односите на Хавана со Москва и ја спречуваше нормализацијата на економските односи помеѓу овие две земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП