19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Ќе загуби ли Аргентина за прв пат на полуфинален меч...

СП 2014: Ќе загуби ли Аргентина за прв пат на полуфинален меч на светско?

holandija argentina

Аргентина и Холандија се сретнат во вториот полуфинален дуел од Светското првенство во фудбал. Двата тима играат од 22:00 часот на „Арена Коринтианс“ во Сао Паоло, под водство на турскиот судија Џунеит Чакир.

И за Аргентинците, и за Холанѓаните ќе е тешко да го повторат вчерашниот натпревар меѓу Германија и Бразил (7:1), затоа што експертите очекуваат далеку подеднаква битка.

Единствениот фудбалер од двата тима, кој нема да може да земе учество во дуелот е повредениот Анхел Ди Марија. Се очекува двата напади да бидат управувани од Лионел Меси и Ариен Робен, кои до моментов импресионираат со своите настапи на Мундијалот.

Во досегашните судири меѓу двата тима, надмоќта е за Холандија со 4:1 победи, но Аргентина нема грешка во досегашните учества на полуфиналето на светските првенства – 3 победи од 3 обиди. „Гаучосите“ го совладаа САД (6:1) во 1930-та година, Белгија (2:0) во 1986-та и Италија (1:1, 5:4 по пенали) во 1990-та.

Холандија, пак, има ист скор, во 1998-ма пораз од Бразил по 1:1 во регуларното време и 5:3 при пеналите и победа со 3:2 над Уругвај во 2010-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП