29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ подготвува колосална понуда за Ди Марија

ПСЖ подготвува колосална понуда за Ди Марија

di maria psg

Францускиот шампион ПСЖ подготвува многу сериозна понуда за крилото на Реал Мадрид Анхел Ди Марија, соопштува весникот „AS“.

Аргентинецот во моментов е со националниот тим во Бразил, каде што неговиот тим ќе игра во полуфиналето против Холандија во среда.

26-годишниот играч сепак нема да игра повеќе на шампионатот, бидејќи заработи повреда за време на четвртфиналето со Белгија.

Според информациите ПСЖ е подготвен да извади околу 70 милиони евра, за да го има во својот состав Ди Марија, кој има договор со кралскиот клуб до 2018-та година.

Монако и Манчестер Сити исто така сакаат да го привлечат фудбалерот, но според весникот имаат тенденција да дадат за 20 милиони помалку од „светците“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП