29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ повторно број 1 на АТП листата

Ѓоковиќ повторно број 1 на АТП листата

nnnnnn

Победникот на Вимблдон Србинот Новак Ѓоковиќ повторно се искачи на првата позиција на АТП листата. Со ова тој го смени од врвот Рафаел Надал, кој годинава порано од очекуваното ги заврши мечевите на Вимблдон.

Ѓоковиќ на позицијата број 1 се враќа по 7.октомври 2013 година и ја почна 102.та недела како најдобар тенисер на светот.

Најголем скок по Вимблдон и влез во ТОП 10 има бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој се проби на 9.место, додека ланскиот шампион на Вимблдон Енди Мареј падна на 10.место.

Редослед на тенисерите во ТОП 10: Новак Ѓоковиќ (13.130 поени), Рафаел Надал (12.670), Рожер Федерер (6.100), Стан Вавринка (5.770), Томаш Бердих (4.410), Милош Раониќ (3.920), Давид Ферер (3.875), Хуан Мартин Дел Потро (3.360), Григор Димитров (3.270) и Енди Мареј (3.040).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП