20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА планира да ја казни Нигерија

СП 2014: ФИФА планира да ја казни Нигерија

nigerija kazna

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да ја исфрли Нигерија од сите меѓународни натпревари како санкција заради административното отстранување на претседателот на локалната федерација.

Шефот на нигериската фудбалска федерација Амину Мајгари е отстранет од функцијата со наредба од министерот за спорт Теми Данагого.

Причината е презентацијата на националниот тим на Нигерија на Светското првенство во Бразил и особено по елиминацијата во осминафиналето од Франција со 0:2. Според мислењето на ФИФА мешањето на политичките структури во внатрешните работи на фудбалската власт е неприфатливо.

Ова не е прв ваков случај за Нигерија, која беше соочена со таква казна и во 2010-та година. Тогаш пак се интервенираше, претседателот Гудлук Џонсон, принудно да се повлече од одлука на претседател и да го врати шефот на федерацијата во фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП