20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку чини Џејмс Родригез?

Колку чини Џејмс Родригез?

james rodriges2943

Младиот Колумбиец ја воодушеви целата планета со својата игра на Светското првенство во Бразил, но Монако нема да се откаже од него доколку во кнежевството не пристигне соодветна понуда. За колкав износ станува збор?

Како што стојат работите, Монако ова лето ќе биде пред вистинско искушение, бидејќи нивните најголеми ѕвезди на оваа екипа се „мета“ на европските гиганти.

Меѓу нив е и Џејмс Родригез, колумбискиот играч од средниот ред кој експлодираше на Мундијалот, а според многумина е меѓу кандидатите за наградата за најдобар играч на турнирот.

Некогашниот играч на Порто минатото лето стигна во Монако заедно со Жоао Мутињо, но веќе по една година би можел повторно да ја промени средината.

За него е заинтересиран Реал Мадрид кој го сака и Радамел Фалкао, исто така репрезентативец на Колумбија.

Според некои информации во понудата би можел да биде вклучен и Анхел ди Марија, кој не е задоволен до фактот дека е меѓу послабо платените фудблери во тимот од „Бернабеу“, и покрај одличната сезона.

Монако на Порто му плати 45 милиони евра за Родригез, сега се шпекулира дека „кнезовите“ бараат минимум 75 милиони евра, но некаде може да се наслушне и сумата од 90 милиони евра.

Останува да се види дали на Реал (читај – Перез) ќе му се исполни желбата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП