25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Открија нова измама поврзана со Светското

СП 2014: Открија нова измама поврзана со Светското

bileti brazil

Полицијата во Рио де Жанеиро (Бразил) во вторникот откри меѓународна мрежа на илегална продажба на билети за Светското првенство.

Оваа операција доведе до апсење на единаесет лица, вклучувајќи еден Алжирец, кои имале пристап до најексклузивните области на ФИФА. Полиција заплени гратис билети наменети за спонзори, невладини организации и на Техничкиот комитет на бразилската репрезентација.

„Ние имаме докази кои покажуваат дека тие имале контакт со некого од ФИФА. На автомобилот на Алжирецот, на пример, има налепница, кој дава пристап до најексклузивните области на ФИФА. Истрагата уште трае“, рече комесарот на полицијата Фабрио Баруке за весникот „Globo“.

Според полицијата, организираната криминална група за секој натпревар остварувала по 1 милион реали (околу 332.000 евра). Секој член на мрежата можел да продаде до педесет билетина натпревар по цена до 1000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП