23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА го казни Алжир со 50.000 франци

СП 2014: ФИФА го казни Алжир со 50.000 франци

alzir navivaci222

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изрече парична казна од 50 илјади швајцарски франци на куќата на фудбалот на Алжир поради однесувањето на навивачите на тимот за време на натпреварот со Русија (1:1) од групната фаза на СП 2014 во Бразил.

Како што е познато, фудбалски навивач од Алжир светеше со ласер во очите голманот на Русија Игор Акинфеев. Токму овој момент во натпреварот се покажа одлучувачки, а при несоодветната интервенција на Акинфеев, Ислам Слимани го израмни резултатот што се покажа доволно за „пустинските лисици“.

„Алжирската фудбалска федерација изразува жалење во врска со однесувањето на некои фанови и потсетува дека користењето на ласери и пиротехника е строго забрането за време на фудбалските натпревари. Ги повикуваме сите фанови да го поддржат националниот тим, кој до овој момент имаше беспрекорен углед. Ова ни овозможува да избегнеме нови дисциплински казни“, се вели во соопштението на фудбалската федерација на Алжир.

Во моментов името на приврзаникот кој го користел ласерот за време на натпреварот, не е познато. Како што претходно изјави генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке, камерите кои снимале не се во можност да го идентификуваат човекот, бидејќи лицето му се гледа премногу нејасно.

Вечерва Алжир ќе се соочи против Германија во натпревар од осминафиналето на СП 2014 во Порто Алегре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП