29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Револуција во фудбалот! ФИФА воведува репризи!

СП 2014: Револуција во фудбалот! ФИФА воведува репризи!

fifa 000

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер често беше обвинуван во однос на иновациите во фудбалот. Сепак, сега очигледно Швајцарецот планира да го промени тоа со револуционерна идеја.

Шефот на светскиот фудбал објави дека размислува за воведување на видеоповторувања на спорни ситуации за време на натпреварот. Ова целосно ќе ги промени замислите за современиот фудбал, но тој е подготвен на овој чекор.

„Планирам селекторите да имаат право по две повторувања на полувреме. На овој начин ќе им се помогне и на судиите. Секако, тие нема да се искористат за било што, туку само при паузирана игра и по сигнал од тренерот“, вели Блатер.

„Па така ќе може да се дознае дали има пенал или не, дали прекршокот е во или надвор од шеснаесетникот, дали има офсајд или нема. Сето ова е само да ја олесниме работата на лицата на теренот и да го подигнеме ферплејот“, додава Блатер.

Оваа иновација доаѓа до моментов успешното користење на технологијата, при која се известува дали топката ја поминала гол линијата. Таа одлучи на една спорна ситуација на Мундијалот и Блатер е охрабрен дека и оваа идеја ќе помогне во истата насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП