28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Ова Светско е последно за некои од големите ѕвезди

СП 2014: Ова Светско е последно за некои од големите ѕвезди

mundijal zvezdi

Одлуката за прекин на кариерата во национален тим е тешка за донесување. Не е чудо што фудбалери како Стивен Џерард од Англија, Давид Виља или Чави Ернандес од Шпанија се уште се подготвени за својата иднина по СП 2014 во Бразил.

„Би сакал да играм до 55-годишна возраст, но треба да бидеме реални“, вели Давид Виља по победата со 3:0 над Австралија синоќа.

Шпанците со триумф си заминуваат од Светското првенство, но поразите од Холандија со 1:5 и од Чиле со 0:2 во првите два натпревари од групата „Б“ се покажаа решавачки и тие нема да продолжат со одбраната на титулата од Мундијалот 2010-та.

Италијанскиот плејмејкер Андреа Пирло пак веќе најави дека ќе се повлече од „азурите“ по Светското првенство во Бразил. Африканските легенди Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска) и Самуел Ето исто така најверојатно играат на нивниот последен фудбалски Мундијал.

Довидување од светските првенства речиси сигурно ќе кажат и Френк Лампард (Англија), Дирк Кајт (Холандија) и Јаја Туре (Брегот на Слоновата Коска), рекордерот по учества во националниот дрес на Нигерија, Џозеф Јобо и Јапонецот, Јасухито Ендо.

По детрониранeто на светскиот и европски шампион, Шпанија за очекување се сериозни промени во составот и разделба со старите ѕвезди. Освен Чави, кариерата во националниот тим изгледа ќе ја прекине и 32-годишниот напаѓач Давид Виља, кој постигна гол при победата над Австралија со 3:0. Виља го напушти теренот со солзи на очи при смената во второто полувреме. Легендите на Реал Мадрид, Чаби Алонсо и Икер Касиљас исто така наскоро ќе станат поранешни репрезентативци. За Фернандо Торес и Андрес Иниеста кои имаат по 30 години, се уште има шанси за уште еден Мундијал.

„Сега е време да се разгледа за иднината. Ова важи и за мене“, коментира селекторот на „фуријата“, Висенте Дел Боске.

Од Федерацијата на Шпанија сакаат тој да остане, но јавното мислење во земјата е против Дел Боске.

За капитенот на Англија Стивен Џерард работите стојат поинаку. Островјаните испаднаа во групната фаза на Светското првенство за прв пат од 1958-та година. Менаџерот Рој Хоџсон, сепак, инсистира 34-годишниот Џерард да остане.

„Тренерот ме замоли да останам. Му реков дека ми треба барем три недели, за да ги преиспитам работите. Сега се чувствувам лошо. Сакам да помине некое време да се одморам малку и да одлучам со трезвена глава“,, коментира халфот на Ливерпул.

36-годишниот Пирло веќе донел одлуката.

„Нема смисла да продолжам. Треба да им отстапиме место на младите“, рече италијанскиот плејмејкер пред стартот на СП 2014.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП