19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Трошоците за рекламирање околу Светското ќе се 1,5 милијарди долари...

СП 2014: Трошоците за рекламирање околу Светското ќе се 1,5 милијарди долари

reklami sp

Според извештајот на „ZenithOptimedia“, Светското првенство во фудбал ќе генерира 1,5 милијарди долари трошоци од рекламирање на глобално ниво.

Не е изненадување дека Латинска Америка ќе се искористи најмногу од рекламните трошоци околу Мундијалот собирајќи вкупно 500 милиони долари во сите промотивни канали. Северна Америка и Западна Европа ќе бидат вторите најголеми пазари, па секој регион ќе генерира 300 милиони долари општи трошоци од рекламирање.

Телевизиите ќе имаат најголем удел од овие рекламирања, според „ZenithOptimedia“, затоа што овој медиум се уште е водечка платформа за реклами, особено за време на емисии во живо за спортски настани.

Но според некои предвидувања, сепак рекламите во следните неколку години ќе пренасочат дел од средства за телевизиите кон дигиталните медиуми. Трошоците за дигитална реклама исто така ќе добијат сериозен поттик од Светското првенство. Дигиталните платформи како мобилното рекламирање и социјалните медиуми се многу популарни за рекламирање за време на спортски настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП