23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Мундијалот соборува рекорди во ТВ гледаност

СП 2014: Мундијалот соборува рекорди во ТВ гледаност

mundijal prenosi

Светското првенство во Бразил ги подобрува рекордите во трката за гледаност на турнирот во светот, соопшти ФИФА по првиот круг на дуелите во групната фаза.

Натпреварот помеѓу Јапонија и Брегот на Слоновата Коска минатата недела во 3 часот наутро по македонско време беше еден од најгледаните на шампионатот досега. 34.1 милиони гледачи во Јапонија биле пред телевизорите, за да го видат поразот со 1:2 од Африканците на каналот „NHK“.

Натпреварот на отворањето меѓу Бразил и Хрватска е виден од 42.9 милиони луѓе во земјата домаќин на турнирот на каналот „TV Globo“.

Средбата меѓу САД и Гана била гледана од 11.1 милиони гледачи преку „ESPN“ во САД, што е нов рекорд на телевизиската компанија за натпревар од Светско првенство за мажи.

„Овие рекордни вредности покажуваат колку е популарен фудбалот и светското првенство во светот – од Јапонија до Аргентина“, изјави телевизискиот директор на ФИФА, Никлас Ериксон.

„Гледаме многу охрабрувачки раст на интересот во пазарите како САД и Австралија“, додаде тој.

Загубата на Англија од Италија во Манаус привлекла 14,2 милиони гледачи на „ВВС 1“ во Велика Британија и 12,8 гледачи на каналот „RAI 1“ во Италија.

Германскиот канал „ARD“ бил гледан од 26.4 милиони гледачи при победата на Бундестимот со 4:0 над Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП