24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го купи голманот Клаудио Браво

Барса го купи голманот Клаудио Браво

klaudio bravo

Реал Сосиедад и Барселона го финализира трансферот за 12 милиони евра на голманот на чилеанскиот национален тим, Клаудио Браво.

Според мадридскиот спортски весник „АС“ двата клуба постигнаа конечен договор и ќе го потврдат договорот до Мундијалот. Џонатан дос Сантос нема да биде дел од трансферот.

Се очекуваше Дос Сантос да биде дел од договорот, што требаше да ја намали вредноста на цената на 32-годишниот голман, но мексиканскиот фудбалер одби да оди на „Камп ноу“. Реал Сосиедад ќе може да добие 1 милион евра дополнително во зависност од презентацијата на Браво.

Двата клуба разговараа за условите веќе некое време, но со почетокот на светското првенство тие се забрзаа. Голманот имаше неколку одлични интервенции и во дуелот против Шпанија синоќа, со кои и помогна на репрезентацијата на Чиле да се пласира втората фаза и го исфрли светскиот шампион од турнирот.

Браво ќе треба да се натпреварува во Барселона за стартното место со другиот нов голман Марк-Андре тер Штеген, кој исто тала чинеше 12 милиони евра. Германецот дојде од Борусија Менхенгладбах.

Реал Сосиедад ќе треба брзо да најде заменик на Браво, бидејќи треба наскоро да започнат подготовки за учество во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП