23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул започна преговори со Баерн за Шаќири

Ливерпул започна преговори со Баерн за Шаќири

sakiri liverpul

Клубот од „Енфилд“ започна официјални преговори во врска со потенцијалниот трансфер на Џердан Шаќири во овој англиски клуб.

Како што пренесува „Bild“, англискиот и германскиот клуб започнале разговори во врска со трансфер вреден 20 милиони евра.

„Bild“ тврди дека Ливерпул сака да ја исплати споменатата сума, т.е. дека 20-те милиони нема да влијаат на нивниот буџет за ова лето кој изнесува 150 милиони евра.

Сепак, истиот извор тврди дека Баерн размислува да го продаде младиот Швајцарец, кого „баварците“ го гледаат како замена за Франк Рибери во скоро време. Но, Шаќири не се изнаигра од неговото доаѓање во Минхен, па поради тоа сака гаранција во врска со неговата улога која ќе му биде наменета ако остане на „Алијанц Арена“.

Брендан Роџерс од друга страна на Шаќири може да му понуди простор за напредок, играње во Лигата на шампионите, тренерот на Ливерпул е познат како стратег кој им дава шанса на младите играчи.

Шаќири има договор со Баерн до 2016-та година, минатата година постигна седум голови, забележа 4 асистенции на 18 средби во дресот на клубот и репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП