28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаспродажба во Реал Мадрид!?

Распродажба во Реал Мадрид!?

Gareth Bale

Неколку играчи се на продажба, Касилјас и Кедира се мета на англиски клубови, ако заминат тоа е сигнал дека Анчелоти прави место за засилувања.

Италијанецот несака да има премногу играчи, тој смета дека оптимално е да се работи со максимално 25 фудбалери, а тука ги смета и младите од филијалата кои се за пополнување на редовите.

Поради тоа не се ни чудни некои најави дека најмалку тројца фудбалери би можеле да го напуштат „Бернабеу“ и да се направи простор за играчи кои ова лето би можеле да пристигнат во клубот.

Прв е Сами Кедира, а вчера англиските медиуми пренесоа дека Јунајтед е многу заинтересиран за Германецот, но дека за него Реал бара 35 милиони евра. Најверојатно цената ќе биде малку намалена, а Кедира тешко дека ќе може да смета на значајна минутажа, затоа што Перез има во план да го доведе Погба, или Видал.

Икер Касилјас исто така би можел да замине. Арсенал многу е заинтересиран за него и дури Венгер би можел да му понуди повеќегодишен договор за тој кариерата да ја заврши на „Емирати“.

Реал планира, ако замине капитенот, што сепак зависи од самиот  Касилјас, клубот да се засили со Јан Облак, младиот Словенец кој оваа сезона беше одличен во екипата на Бенфика.

Мората исто така е на излезната врата, само прашање е формулата по која ќе го напушти клубот, затоа што Реал сака да го задржи правото за откуп на неговиот договор.

Четврти кој би може да си отиде е Карим Бензема, кај кој проблем е заработувачката. Тој бара двојно повеќе пари од сегашните 4.5 милиони, но Реал на тоа нема да се согласи. Како замена се споменува Суарез, но и Кавани, како резервна опција во случај Ливерпул да не се согласи да го продаде најдобриот играч на Премиерлигата.

Што се однесува до Ди Марија, Анчелоти е цврст во намерата да го задржи и нема шанси Аргентинецот да го напушти Мадрид, па Реал нема да попушти пред желбата на Јувентус да го менува за Видал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП