ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Индија во мај највисока во последните пет месеци

Инфлацијата во Индија во мај највисока во последните пет месеци

indian-food-inflation-continues-to-be-totally-nuts

Инфлацијата во Индија во мај забрза на највисокото ниво во последните пет месеци, што е загрижувачки знак за новата влада на премиерот Нарендре Моди, за која борбата против растот на цените е еден од приоритетите.

Индексот на големопродажните цени, кој е тесно следен индикатор за трошоците за живот, се зголеми на 6,01 проценти во мај, што е највисокото ниво од декември, во однос на 5,20 проценти од април, покажаа податоците на индиското Министерство за трговија, пренесува агенцијата Франс прес.

До раст на инфлацијата дошло пред се поради скокот на цените на храната и горивото, во време на прогнози дека слабата монсунска сезона ќе ги загрози насадите и ќе доведе до дополнителен раст на цените на храната.

Десничарската влада, која на власт дојде минатиот месец, вети дека ќе ја оживее економијата, која бележи раст под пет проценти, и дека ќе се избори со високата инфлација. Цените на храната во мај пораснаа за 2,3 проценти на годишно ниво, а цените на горивата за 0,5 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП