28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Фудбалски судија - милионер

СП 2014: Фудбалски судија – милионер

jonas erikson

Да си судија, во кој и да е спорт, не е лесна работа, уште повеќе во фудбалот, каде се манифестира непочитување од фудбалерите, непријателски настроените фанови и огромното медиумско внимание. Па поради тоа се поставува прашањето каков тип на човек би сакал свесно да биде во оваа неблагодарна улога.

Љубовта кон спортот е неопходен услов, но во случајот со шведскиот судија Јонас Ериксон, кој ќе ја дели правдата на натпреварот од Светското првенство меѓу САД и Гана оваа ноќ, човек се прашува колку точно Ериксон треба да го сака фудбалот, откако има успешна кариера во друга сфера и е милионер.

Точно е дека многу судии водат натпревари како хоби, но ретко се случува судија да е толку успешен во животот. Ериксон е поранешен акционер во шведска медиумска компанија со канцеларии во Стокхолм, Хонг Конг и Дубаи.

Тој го продава својот 15-процентен удел во компанијата пред неколку години за околу 10 милиони долари. И додека многумина би се пензионирале со слична сума, Ериксон решава да ја промени професијата, велејќи по ова прашање: „Имав фантастичен живот како бизнисмен, но од 2011-та година се посветив на тоа да бидам професионален судија и се насладувам вистински на животот“.

Ериксон е уверен во своите одлуки и е респектабилен судија, настрана од неколкуте контроверзни негови пресуди. Меѓу нив е и судирот со тренерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, откако Ериксон го исклучи дефанзивецот Мартин Демикелис за време на клучниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.

Тогаш Пелегрини го коментираше следново: „Не е добра идеја на така важен натпревар да се става судија од Шведска“.

Банкарската сметка на Ериксон може да е поголема од оние на некои фудбалери, но тоа не го прави помалку оддаден на играта. Всушност на позадината на истрагите за местење на натпревари и нудење мито, со кои се занимаваат медиумите во целиот свет, Ериксон можеби ќе се покаже како совршен судија.

Тој вели: „Сите овие пари не би промениле ништо. Најдоброто нешто што го правам во животот, е да свирам фудбалски натпревари“.

Инаку за потсетување, судиите за едномесечниот ангажман за Мундијалот во Бразил ќе заработат по 50.000 долари, без разлика колку натревари ќе судат, а не треба да се заборави ниту пак дневницата од 300 долари која ќе ја земаат како џепарлак додека се во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП