29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоларов ја продолжи соработката со Сити

Коларов ја продолжи соработката со Сити

Manchester City vs Barcelona FC

Дефанзивецот на Манчестер Сити и српскиот национален тим, Александар Коларов го обнови договорот со клубот до 2018-та година. Тој имаше одлична сезона и одигра 24 натпревари за небесно сините и придонесе за освојување на титулата во Англија.

Коларов се врза со „граѓаните“ за уште три години и така стави крај на шпекулациите дека може да го напушти клубот.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор, па така ќе му ги дадам на клубот можеби најдобрите години од својата кариера. Радосен сум дека останувам тука каде што се чувствувам како дома. Минатата сезона играв доста и им докажав на многу луѓе дека можат да веруваат во мене. Сметам дека тоа беше причината да добијам предлог за нов договор и со радост го потпишав“, сподели задоволниот Коларов.

Дефанзивецот дојде во Сити во летото 2010-та година од редовите на италијански Лацио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП