20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Со помош на судијата Бразил оствари победа над Хрватска

СП 2014: Со помош на судијата Бразил оствари победа над Хрватска

Neymar-Thiago

Во првиот натпревар на Светското првенство во фудбал, домаќинот Бразил ја совлада Хрватска со 3:1.

Кариоките успеаа да направат пресврт, а голема заслуга за него има јапонскиот судија Нишимура.

Хрватите поведоа во 11-ата минута откако Марсело ја погоди сопствената мрежа. Во продолжението од првиот дел Бразил напаѓаше, создаде неколку шанси и успеа да го совлада голманот Стипе Плетикоса со одличниот гол на Нејмар.

Премиерниот натпревар на Мундијалот мина во знакот на скандалозната одлука на јапонскиот судија Нишимура, кој во 69-та минута му подари пенал на Бразил, кој во гол го претвори Нејмар.

До крајот на натпреварот домашните фудбалери успеаа да постигнат уште еден погодок. Во првата минута од судиското надополнување, Оскар ја затресе мрежата на Плетикоса за победа на Бразил од 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП