29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗошто вредноста на тимовите од НБА се зголемува?

Зошто вредноста на тимовите од НБА се зголемува?

nba timovi

Поранешниот извршен директор на „Microsoft“, Стив Балмер, изненади многу луѓе, кога се согласи да го купи клубот Лос Анџелес Клиперс за сума од 2 милијарди долари. Тоа е многу повеќе од оценката на списанието „Forbes“ од 575 милиони долари.

Прашањето е – зошто тимовите од Националната кошаркарска асоцијација (НБА) се проценуваат на далеку повисоки цени?

Првата причина се големите договори со локалните телевизии. Само пред неколку години Лос Анџелес Лејкерс потпишаа договор за 20 години со „Time Warner Cable“ вреден 4 милијарди долари, а сумата може да порасне и до 5 милијарди долари под одредени услови.

Екипите се веќе мали медиумски импрерии.

Во 2012-та година Лос Анџелес Доџерс (тим од MLB) беа купени за сума од 2,15 милијарди долари. Еден од кандидатите за купување беше и Марк Кјубан, кој во моментов е сопственик на тимот од НБА, Далас Маверикс. Според него, договорот бил повеќе за телевизиските права, отколку за безбол тимот, а со тоа значително била зголемена цената. Еднагодина подоцна Доџерс склучија договор со „Time Warner Cable“, проценет меѓу 7 и 8 милијарди долари. Според него телевизија ќе пренесува ексклузивно се што се случува со Доџерс во следните 25 години.

Сопствениците сега прават повеќе пари од кога и да е.

По последниот штрајк во НБА (локаут), сопствениците и играчите се договорија да се намали процентот од приходите кој играчите го земаат од 57% на 49-51 отсто. Статистиките сепак покажуваат дека приходите на тимовите од НБА за 2010-2011 година се 4,3 милијарди долари, а сопствениците добиваат 1.85 милијарди долари, додека играчите – 2,45 милијарди долари. Минатата година приходите пораснаа до 4.6 милијарди долари, а од нив сопствениците зедоа малку повеќе од половина – 2,35 милијарди долари. Односно не растат само приходите, но и сопствениците добиваат поголем дел од нив.

Побарувачката и понудата.

На крајот, евалуацијата на тимовите е таква, така што некој може да се согласи да плати. Во Лигата има само 30 тима, а продажбата на Лос Анџелес Клиперс е знак дека дефинитивно има поголема побарувачка од понудата. Некои можеби сакаат да купат „играчка“, како што е случајот со Балмер. Други, слично на Мајкл Џордан, го гледаат како добра инвестициска можност и тоа им помага да се претворат во милијардери. Но, факт е дека додека има богати луѓе со неограничени финансиски можности, па цената на тимовите од НБА ќе продолжи да се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП