25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМартич и МЗТ Скопје Аеродром се разделија

Мартич и МЗТ Скопје Аеродром се разделија

mzt sk

Словенецот Зоран Мартич ја прекина соработката со МЗТ Скопје Аеродром, објави македонскиот шампион на својот Фејсбук профил.

– МЗТ наскоро ќе добие нов тренер, Зоран Мартич го напушти македонскиот шампион,
соопштија денеска од клубот од Аеродром.

mzt

Мартич пред пет дена го предводеше МЗТ Скопје до третата шампионска титула, а сезонава под негово водство „штрковите“ го освоија и Купот на Македонија.

Словенецот на тренерската позиција во МЗТ беше поставен два месеци по почетокот на новата сезона.

Тогаш Мартич го замени Влада Вукоичиќ.

Во АБА лигата МЗТ со Мартич имаше ефект 8-8 (победи-порази), а во последното коло пропушти шанса со победа да го освои 6.место и да обезбеди настап во Еврокупот.

На официјалната веб страна на МЗТ Скопје неодамна имаше информација дека клубот и Мартич потпишале нов двегодишен договор, па поради тоа денешниот прекин на соработката
предизвика изненадување кај спортската јавност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП