20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШокантните услови за работниците во Катар пред Мундијалот 2022 (фото)

Шокантните услови за работниците во Катар пред Мундијалот 2022 (фото)

katar rabotnici sp naslovna

Во Катар во моментов има 1,4 милиони работници емигранти. Земјата се подготвува за домаќинство на Светското првенство во фудбал во 2022-та година.

katar rabotnici sp

Многу од овие работници се дојдени од сиромашните области на Азија и работат под услови кои се нешто како модерно ропство. Тие не можат да го напуштат Катар без виза за напуштање, а не можат да добијат таква виза без согласност на работодавачот.

katar rabotnici sp1

Од Светската конфедерација на синдикатите проценуваат дека околу 4.000 од нив ќе загинат до 2022-та година, кога се за Светското првенство треба да биде готово.

katar rabotnici sp2

Од „ESPN“ патуваа до Катар и снимија ужасни услови во кои живеат луѓето. Новинарите го посетиле кампот на имигранти работници во Доха. Тој е во состојба на апсолутна беда. Работниците во него се мачат во текот на денот на страшна жештина, а навечер спијат во ужасниот камп.

katar rabotnici sp3

Индиската амбасада соопшти дека 241 индиски работници починале во Катар во 2013-та година. Од амбасадата на Непал рекоа дека нивните жртви се 185 за минатата година. Стравувањата се дека овие единици ќе се зголемуваат со приближување на роковите за настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП