18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСинoт на Пеле осуден на 33 години затвор за перење пари од...

Синoт на Пеле осуден на 33 години затвор за перење пари од трговија со дрога

pele

Поранешниот голман на бразилскиот фудбалски клуб „Сантос“ Едсон Шолби Нашименту, син на легендарниот фудбалер Пеле, е осуден на 33 години затвор за перење пари од трговија со наркотици, пренесе ИТАР-ТАСС, цитирајќи
бразилски медиуми.

Четириесет и четиригодишниот Нашименту, почесо нарекуван само Едињо, има право на жалба на одлуката на судот.

Тој во 1999 годинаја заврши својата спортска кариера, на 29-годишна возраст, кога беше осуден на шест месеци затвор за учество во незаконски улични рели трки со автомобили, во кои загина еден мотоциклист.

Во 2005 година Едињо беше уапсен во полициска акција за борба со трговијата со кокаин.

Пеле е трикратен светски шампион и најдобриот фудбалер на 20 век, прогласен од Комисија на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП