ПочетнаЕКОНОМИЈАРазочара економскиот раст на Индија

Разочара економскиот раст на Индија

indijajkfn7y94yt

Индија во претходната фискална година евидентираше економски раст од 4,7 проценти, потфрлајќи во однос на владините прогнози и продолжувајќи го трендот на бавна економска експанзија.

Вo три месеци заклучно со март оваа година, економскиот раст изнесуваше 4,6 проценти, а растот од 12 месеци заклучно со март е вториот последователен раст кој е помал од пет проценти, пренесува агенцијата АП.

Владата на третата по големина азиска економија во фискалната 2013/14 очекуваше раст на бруто домашниот производ од 4,9 проценти.

Владата, исто така смета дека за да се обезбеди вработување за милион млади лица кои секоја година стануваат дел од работната сила, потребен е економски раст од најмалку осум проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП