19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAтлетико Мадрид го распродава тимот!?

Aтлетико Мадрид го распродава тимот!?

485622113ME00044_Chelsea_v_

Ново горчливо разочарување изгледа ги очекува приврзаниците на Атлетико Мадрид по кошмарниот пораз во финалето од Лигата на шампионите во саботата. Тимот оствари одлична сезона во Примера и во Европа, но е на пат да се распадне пред нивните очи.

Според весникот „Ас“ централниот дефанзивец Миранда веќе е со едната нога во Манчестер Јунајтед. Бразилецот дури веќе барал соодветно училиште за децата во Манчестер.

Атлетико не сака да го продава тимот, но не би се спротивставил ако големите европски клубови упатат добри понуди, прогнозира „Ас“. Во случајот со Миранда, според изданието, „јорганџиите“ имаат намера да се разделат со него за околу 30 милиони евра.

Други шпански извори пак соопштија дека Миранда е „мета“ на Барса и спортскиот директор Зубизарета ќе се обиде да го „украде“ од Мадрид.

„Ас“, пак, тврди дека каталонците се заинтересирани и за полудефанзивецот на „црвено-белите“ Арда Туран. Во Барса биле импресионирани од подготвеноста на Турчинот и неговата пожртвуваност за тимот.

Се додаде и фактот дека Тиаго Мендеш најверојатно ќе оди во Челзи како слободен трансфер, а Жозе Мурињо го сака и напаѓачот на Атлетико, Диего Коста.

Се шекулира дека и Диего ќе се замине од Мадрид, а за него интерес има од неколку клубови, првенствено од Турција.

Така, „црвено-белите“ може да се претворат во жртва на сопствениот успех, нешто слично на тоа што се случи со екипата на Порто по освојувањето на Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП