Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ДИЕТА: Тридневна диета – како брзо да се ослободите од 3 – 4 кг

Време: 11:47

Датум: мај 1, 2018

Категорија: ДИЕТИ

diet00efr4rt454

Ослабнете, исчистете го телото и вратете се во форма за три дена!

Слабеењето е најуспешно доколку се одвива постепено и без премногу ограничувања. Меѓутоа, постојат прилики кога сте принудени за кратко време да ослабнете и тогаш не е момент за Аткинсовата диета, УН – диетата или некоја друга долга диета која би го преокупирала вашето внимание. Едноставно немате време!

Затоа, се свртувате кон диетите како што е Тридневната која може да ви помогне брзо да намалите 3 или дури 4 кг за само три дена. Истиот план ви овозможува да ослабнете 6 кг за десет дена! За прилики кога ви се брза, ова е одлично, зарем не?!

Поглед наназад

Има многу приказни поврзани за потеклото на оваа диета. Некои велат дека неа ја креирала болницата во Кливленд, а некои дека е дело на Американската асоциајација за срцеви заболувања, додека пак една приказна вели дека е масовно користена кај оние кои што сакале да одат во морнарицата, а имале вишок килограми кои што морале брзо да ги изгубат.

Сето ова не е ни важно, а она што треба да го знаете дека има многу луѓе со вишок на  килограми кои ослабеле користејќи ја баш оваа дита. Предност на тридневната диета е што таа делува и како програма за детоксикација.

Тридневна диета – примена

Запаметете неколку работи. Оваа диета бара силна мотивација и ако не сте цвсрти во намерата да за три дена да ја облечете гардеробата која сега ви е тесна, ќе биде тешко. Затоа пробјате ја оваа диета кога очекувате настан кој ќе ве поттикне да истраете: Повторувајте си во себе: Ова се само три дена. Еден поминува и уште два се пред мене…

Намалете ја својата желба

Тридневната диета ќе го покрене вашиот долготраен план за исхрана, а тоа што сигурно ќе го направи е дека ќе ја намали вашата желба за храна. После три дена или после една недела, ќе видите дека ќе исчезне желбата за слатки. Тоа е од голема помош кога сакате да се придржувате кон некоја долготрајна диета. Прифатете ја оваа диета како тридневен или еднонеделен камп за обука.

Па да почнеме…

Ова е сигурно здрава диета и можете да го пресметате дневниот внес на калории. Нема да функционира на ист начин ако сте веќе во процесот на намалување на телесната тежина. Наменета е за почетници или за оние кои повремено држат некои од кратките диети. Како и кај другите диети останува фактот дека сите лесно ослабнуваат во почетокот, но потребен им је правилен план.

 

Тридневна диета – РАСПОРЕД НА ОБРОЦИТЕ

 

Прв ден:

 

Појадок:

– 1 грејпфрут

– 2 парчиња леб и 2 лажички путер од кикирики или од семки од тиква

Ручек:

– 1/2 шоља ( 1 шоља = 220 гр.) туна или 1/2 шоља нискомасно сирење или германско сирење или 1/2 шоља сардина. Без додавање на масло (ако користите сардини од конзерва – исцедете го маслото).

– 2 парчиња интегрален леб

Вечера:

– 150 гр пилешко бело месо, може да користите обични растителни зачини но не и масло или зачини од типот вегета или зачин Ц.

– 1 шоља зеленчук (боранија, спанаќ, тиквички) на пареа, грилувано, свежо или кратко динстано.

– 1 шоља цвекло, морков или целер;

– 1 мало јаболко или крушка (јадете ги неизлупени)

– 1/2 шоља сладолед од ванила без шеќер (не се грижете поради калориите или мастите, само бидете сигурни дека сладоледот е без шеќер).

 

Втор ден! Ни останува уште еден ден…

 

Појадок:

– 1 варено јајце

– 2 парчиња интегрален леб

– половина банана со средна големина

Ручек:

– 1/2 шоља туна или 1/2 шоља сирење со намалена масленост или 1/2 шоља сардина без масло

– 2 парчиња нискокалоричен леб (едно парче околу 45 калории-најдобро интегрален)

Вечера:

– 150 домашен кефир

– 2 шољи зеленчук ( боранија, спанаќ, тиквички) на пареа или грилувано,свежо или кратко динстано

– 1 шоља цвекло, морков или целер;

– 1/2 банана

– 1/2 шоља сладолед од ванила без шеќер

 

Помина Вториот ден! Остана уште еден ден!

ТРЕТ ден ! Скоро сте завршиле со диетата!

 

Појадок:

– 4 солени крекери

– 1 парче сирење со намалена масленост

– 1 грејпфрут

Ручек:

– 1 варено јајце

– 2 парчиња нискокалоричен леб(интегрален)

Вечера:

– 1/2 шоља туна или 1/2 шоља сирење со намалена масленост или 1/2 шоља сардина без додавање на масло…се исто како првиот ден

– 2 парчиња нискокалоричен леб (интегрален)

– 1 шоља свекло, морков или целер

– 1 шоља карфиол или зелен зеленчук

– 1 јаболко

– 1/2 сладолед од ванила – без шеќер

 

Додатни напомени

Не користете кечап или некои други додатоци. Не користете премногу или премалку сол. Може да користите зачини колку сакате. Користењето на нане ќе го запре вашиот апетит. Немојте да пиете диетални газирани пијалоци. Оваа диета има за цел да го прочисти вашиот организам и затоа држете се подалеку од нездравите намирници па иако се нискокалорични.

Многу е важно да не останете на оваа диета подолго од три дена. Ако сакате да ја следите 10 дена, тогаш после првите три дена треба да јадете нормално четири дена внесувајќи помалку од 2000 калории дневно и да не јадете шеќер и производи од бело брашно. А потоа повторете ја диетата уште три дена. Ако земате витамини, земајте ги навечер, затоа што ако ги земате наутро ќе ви го зголемат апетитот.

Сладок успех

Можете да пиете чај колку што сакате, но бидете внимателни со кафето затоа што тоа може негативно да влијае врз нивото на шеќерот во крвта што ќе резултира со намалување на  енергијата и замор што може да ве обесхрабри во настојувањето да се придржувате при диетата до крај. Ако пиете зелен чај тоа ќе ви помогне во слабеењето. Водете сметка да пиете најмалку 10 чаши вода дневно. Топлата вода додатно ќе ви помогне да ја остварите целта.

Спијте доволно во текот на диетата и занимавајте се со лесно вежбање – подолго шетање, пливање или возење велосипед. Не работете кардио или аеробик вежби или било што долго исцрпувачко. Немојте да седите и да гледате ТВ.

Многу е важно во текот на диетата, да сте доволно хидрирани, да внесувате доволно сол, но не премногу затоа што тоа ќе ве надуе. Ако внесувате доволно вода,спиете доволно а се чуствувате зашеметени, имате главоболкапотење или треска или било какво друго непријатно чувствопрекинете ја диетата и продолжете да се храните вообичаено. Ова не се задолжителни пратечки појави со оваа диета, но секој метаболизам е различен и ниту една краткорочна цел не е вредна за поголеми тешкотии.

Ако сакате да ја користите оваа диета како подготовка за некоја долготрајна диета а не се чувствувате добро со придржувањето, само зголемете ја големината на порцијата (не додавајте нови состојки) и додадете неколку ужини од 100 калории, сочинети од ниско јагленохидратни намирници, малку сирење или бадеми. Нема да ослабнете колку сте очекувале, но ќе ги завршите тие три дена што е многу поважно доколку имате долгорочен план за слабеење.

Водете сметка за тоа дека нашето тело лесно се прилагодува. Програмирани сме да преживееме долготраен период на гладување. Кога телото ќе почувствува закана (тоа се случува обично после 72 часа односно 3 дена – токму кога убаво сте зваршиле со диетата) значи, кога ќе почувствува закана се префлрла во мод за гладување, и тоа е многу штетно не само за вашето здравје туку и за редукција на тежината. Немојте да останете на оваа диета подолго од три дена во еден циклус и не јадете помалку отколку што е дадено во менито освен ако е вашиот калориски внес многу помал од просечниот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ПОПУЛАРНА ИСХРАНА: Ги топи маснотиите кај жените

    ПОПУЛАРНА ИСХРАНА: Ги топи маснотиите кај жените

    Брачен пар од Америка уште од 1975 година востановија бројни здравствени придобивки од медитеранската диета, која уште оттогаш им се препорачува на луѓето со срцеви…

  • Освежувачки напиток кој го забрзува слабеењето

    Освежувачки напиток кој го забрзува слабеењето

    Ви претставуваеме оброк во чаша кој во врелите летни денови ќе ве освежи, заштити, но истовремено ќе ви помогне при топењето на килограмите… Потребно е:…

  • Едноставни замени со кои ќе зaгубите од тежината

    Едноставни замени со кои ќе зaгубите од тежината

    Многумина од нас, дали во текот на годината или во периодот пред годишните одмори, се обидуваат да намалат од тежината, притоа правејќи секакви работи. Денес…

  • Фит линија со помош на комбинација од 5 состојки

    Фит линија со помош на комбинација од 5 состојки

    Сакате да ослабите и да ги отстраните масните наслаги од стомакот? Го имаме вистинскиот напиток за вас… Состојки: – 1 смрзната банана – 1 лажица…

  • УН диета

    УН диета

    Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат. Диетета трае 90…

  • Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

    Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

    Цвеклото и морковите во комбинација со ѓумбир, целер и јаболко ќе ви помогнат брзо да го стопите салото од стомакот… Имено, дури иако не се…

  • Кетогената диета е најздрава

    Кетогената диета е најздрава

    Американски лекари во соработка со водечките нутриционистите дојдоа до заклучок дека кетогената диета е идеален метод за брзо симнување на вишокот килограми и одржување на…

  • Дали губите телесната тежина со исхраната според крвната група?

    Дали губите телесната тежина со исхраната според крвната група?

    Кој е вашиот тип? Џенифер Лоренс? Серена Вилијамс? Алисија Викандер? Не, не тој вид на тип. Зборуваме за вашата крвна група. Според диета базирана на…

  • Забрзајте го слабеењето со овој напиток со само 3 состојки!

    Забрзајте го слабеењето со овој напиток со само 3 состојки!

    Доколку го комбинирате овој напиток со правилна исхрана, ефектите ќе бидат уште подобри… Ако сакате да ослабите некој килограм кој ви е вишок, овој детокс…

  • Намалете го холестеролот со оваа диета!

    Намалете го холестеролот со оваа диета!

    TLC режимот на исхрана ги елиминира килограмите и лошите масти во крвта. Овој план на исхрана подразбира што повеќе консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки…