25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе е подготвено за 33-то традиционално искачување „Титов Врв 2014“

Се е подготвено за 33-то традиционално искачување „Титов Врв 2014“

bbvb

Овој викенд, 24 и 25 мај 2014 година, во организација на планинарскиот Клуб „Љуботен“ , се одржува 33-тото традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина, “ТИТОВ ВРВ 2014”.  На оваа планинарска манифестација,  планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат ист освојувачки поход : Сите заедно да се искачат на Титов Врв, кој е на височина од 2747м.

Poster

Претставници од организаторот во два наврати – и во неделата и вчера во средата, ја поминаа патеката се до врвот, комплетно ја обележаа, ги обезбедија деловите на кои има снег и со тоа, патеката е подготвена за искачувањето на планинарите и освојувањето на Врвот. Количините на снег се исти како и минатите години, а според метеролозите во недела се очекуваат поволни временски услови.

aj

Манифестацијата се организира под покровителство на АД Електрани на Македонија, а генерален спонзор е ТТК Банка АД Скопје.

al

Планинарските друштва во сабота, 24 мај 2014 година, ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу 4 и пол часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена. Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 1000 планинари. Деталната програма за овогодинешната манифестација може да се најде на веб страната: www.pkljuboten.org.mk.

ah

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово на сите љубители на планинарењето им порачува да се приклучат кон искачувањето на Титов Врв и со тоа да станат дел од традиционалната планинарска манифестација. Уживањето во прекрасната глетка од врвот е глетка која треба само да се доживее…

ak

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП