ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводителите ги намалија цените на индустриските производи

Производителите ги намалија цените на индустриските производи

industrija1

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во декември минатата година се пониски за 0,7 проценти на месечно ниво, а за 2,7 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во декември во однос на ноември лани продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот „рударство и вадење камен за 0,5 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,7 проценти.

Статистиката евидентирала дека во однос на декември 2011 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот „рударство и вадење камен за 12,3 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ се пониски за 4,1 процент.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП