ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрена финансиската состојба на градежните фирми

Подобрена финансиската состојба на градежните фирми

gradezni kompaniie

Раководителите на фирмите од градежништвото ја оценуваат економската состојба во првото тримесечје од годинава како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од минатата година.

Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е на исто ниво како претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат факторите: немање побарувачка со 20,2 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14,4 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14,1 процент и зголемените трошоци за материјали со 12,3 процент.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП