24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуртуа не сака во Челзи, ја преферира Барселона

Куртуа не сака во Челзи, ја преферира Барселона

kurtua144

Интересен пресврт се направи околу голманот на Атлетико Мадрид, Тибо Куртуа. Белгискиот репрезентативец, кој е во сопственост на Челзи, преферира следната сезона да игра за Барселона наместо за клубот кој ги има неговите права.

Според шпанскиот весник „Спорт“ вратите на „каталонците“ пред него се отворени, иако тие веќе си обезбедија нов голман во лицето на Марк-Андре Тер Штеген. Изданието тврди дека ако Барса навистина го сака талентираниот Белгиец, тогаш спортскиот директор Андони Субисарета ќе треба да дејствува брзо и решително.

Од Челзи сепак не седат со скрстени раце и веќе го притискаат младиот за нов договор. Неговиот сегашен договор му договор истекува во 2016-та година. Во корист на Барселона сепак е желбата на голманот да не ја напушта Примера.

Куртуа ја тера својата трета година во шпанската елита, како на почетокот на секоја од нив беше позајмен на Атлетико. Делумно желбата да не ја напушта Ла Лига се должи на неговото цврсто уверување дека на „Стемфорд Бриџ“ тој ќе ја игра улогата на резерва на Петер Чех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП