20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанците најавуваат сензација, Ван Перси за Балотели!?

Италијанците најавуваат сензација, Ван Перси за Балотели!?

arsenal-balotelli-van-persie

Италијанските медиуми денеска јавија дека постои можност ова лето да се направи размена меѓу Манчестер Јунајтед и Милан.

Медимите кои се тесно поврзани со Силвио Берлускони најавија голема „бомба“ за во текот на летниот преоден рок.

Станува збор за можен договор меѓу Милан и Јунајтед, двете реномирани екипи кои оваа сезона кикснаа во домашните првенства.

Имено, Робин ван Перси би можел да се пресели во Милано, додека во спротивна насока би можел да тргне Марио Балотели.

Милан својата шанса ја гледа во незадоволството на Ван Перси кој еднаш во текот на оваа сезона најави дека би можел да ја промени средината. Сепак, евентуалното доаѓање на Ван Гал на клупата на „ѓаволите“ би можело многу да промени кога станува збор за заминувањето на Холанѓанецот.

Од друга страна, Милан е подготвен да се откаже од услугите на Балотели, но прашање е колку Манчестер Јунајтед е заинтересиран за ваков договор.

Сепак, најдобро е прво да го дочекаме летото и преодниот рок, па да видиме што точно ќе се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП