24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони: Милан не се продава!

Берлускони: Милан не се продава!

berlusconi-milan

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони, оцени дека клубот вреди повеќе од 500 милиони евра и уште еднаш потврди дека нема намера да го продава.

„Милан не се продава и освен тоа неговата цена не е 500 милиони евра, туку многу повеќе“, изјави поранешниот премиер на Италија по повод шпекулациите дека Сингапурскиот магнат Питер Лим предложил половина милијарда евра за „росонерите“.

Според рангирањето на списанието „Форбс“ за најскапите европски фудбалски клубови, Милан е проценет на 745 милиони евра и ја зазема шестата позиција. Прв на оваа листа е Реал Мадрид – 2,601 милијарди евра, следен од Манчестер Јунајтед – 2,493 милијарди евра, Барселона – 2,048 милијарди евра , Арсенал – 1,045 милијарди евра и Баерн – 1,032 милијарди евра.

Во топ 10 влегуваат уште Челзи – 710 милиони евра, Јувентус – 547 милиони евра, Манчестер Сити – 543 милиони евра и Ливерпул – 513 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП