Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ДИЕТА: Лимонада диета – за 14 дена 9 килограми помалку

Време: 14:21

Датум: април 1, 2018

Категорија: ДИЕТИ

limonadadieta69731

Лимонада диета, која исто така се нарекува „диета голем чистач“, трае 10 – 14 дена. За две недели, можете да изгубите до 9 кг од вишокот тежина. Основниот принцип на „лимонада“ диетата е чистење на организмот од отровите и брзо губење на тежината.

Лимонада се подготвува на следниот начин: во сад со две литри претходно зовриена вода исцедете сок од три лимони, додадете 14 лажици јаворов сируп и половина лажичка лута црвена пиперка и промешајте.

Оваа магична лимонада се пие во текот на целиот ден во мали голтки секој пат кога ќе почувствувате глад.

Сокот од лимон, како дел од лимонада ќе му помогне на телото да се ослободи од масти и токсини, јаворовиот сируп ќе ги обезбеди потребните калории, витамини и елементи, а лутата пиперка ќе го стимулира метаболизмот.

Други пијалаци кои ги внесувате во текот на денот, вклучувајќи солена вода (сол на врв на ножот во 2 дл млака вода) и зелениот чај ќе помогнат да се зголеми отстранувањето на токсините од телото.

Со цел да му се обезбеди потребната енергија на телото, потребно е да се испијат 8 – 12 чаши лимонада дневно, што е околу 800 – 1200 калории.

Во лимонада диетата (големиот чистач) неопходен е постепен „влез” во диетата, пред да започнете со диетата. Три дена пред да почнете диета, заменете ги сите полуготови производи, како и месото со свежо овошје и зеленчук. Два дена пред почетокот на диетата неопходно е да се внесува само течна храна, еден ден пред диетата – по цел ден се пие само свежо цеден сок од портокали (најмалку 2 литри на ден).

Предности:

– Чистење на телото од сите токсини

– Брзо губење на тежината

– Подобрување на состојбата на кожата

– По лимонада диетата, ќе чувствувате дополнителна енергија и виталност

– Олеснување и прочистување на организмот од хронични болести

ВНИМАНИЕ: Лимонада диета е забранета за лица кои чувствуваат непријатни киселини во желудникот и страдаат од пептички улкус (чир на дванаестопалачно црево).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ДИЕТА: „Јади цел ден“

    ДИЕТА: „Јади цел ден“

    Ако облеката ви е премногу тесна а апетитот добар, Хелен Фостер – авторката на најпродаваните книги од областа на диететиката ви открива како да намалите…

  • ДИЕТА: Течна диета – намалете 10-15 килограми

    ДИЕТА: Течна диета – намалете 10-15 килограми

    Течната диета е многу ефикасна за брзо слабеење. Максималнато време на траење на оваа диета е две недели и за тоа време можете да намалите…

  • ДИЕТА: Шок диета – за 7 дена 5 кг помалку

    ДИЕТА: Шок диета – за 7 дена 5 кг помалку

    Шок диетата се разликува од другите диети по тоа што е многу едноставна и за разлика од другите „брзи“ диети може да се држи повеќе…

  • ПОПУЛАРНА ИСХРАНА: Ги топи маснотиите кај жените

    ПОПУЛАРНА ИСХРАНА: Ги топи маснотиите кај жените

    Брачен пар од Америка уште од 1975 година востановија бројни здравствени придобивки од медитеранската диета, која уште оттогаш им се препорачува на луѓето со срцеви…

  • Освежувачки напиток кој го забрзува слабеењето

    Освежувачки напиток кој го забрзува слабеењето

    Ви претставуваеме оброк во чаша кој во врелите летни денови ќе ве освежи, заштити, но истовремено ќе ви помогне при топењето на килограмите… Потребно е:…

  • Едноставни замени со кои ќе зaгубите од тежината

    Едноставни замени со кои ќе зaгубите од тежината

    Многумина од нас, дали во текот на годината или во периодот пред годишните одмори, се обидуваат да намалат од тежината, притоа правејќи секакви работи. Денес…

  • Фит линија со помош на комбинација од 5 состојки

    Фит линија со помош на комбинација од 5 состојки

    Сакате да ослабите и да ги отстраните масните наслаги од стомакот? Го имаме вистинскиот напиток за вас… Состојки: – 1 смрзната банана – 1 лажица…

  • УН диета

    УН диета

    Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат. Диетета трае 90…

  • Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

    Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

    Цвеклото и морковите во комбинација со ѓумбир, целер и јаболко ќе ви помогнат брзо да го стопите салото од стомакот… Имено, дури иако не се…

  • Кетогената диета е најздрава

    Кетогената диета е најздрава

    Американски лекари во соработка со водечките нутриционистите дојдоа до заклучок дека кетогената диета е идеален метод за брзо симнување на вишокот килограми и одржување на…