28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНани од следната сезоната во дресот на „старата дама“

Нани од следната сезоната во дресот на „старата дама“

luis nani kuferi

Португалецот Луис Нани постигна договор со италијански Јувентус, пишуваат медиумите на Апенините.

Двете страни постигнале принципиелен договор за трансферот, а во моментов водат разговори за личните услови на фудбалерот.

Според раководството на „старата дама“, Португалецот ќе ја засили средната линија на „бјанконерите“ за следната сезона.

Во моментов, претставниците на Нани работат на темата за раскинување на неговиот договор со Манчестер Јунајтед, кој истекува во 2018-та година.

Инаку, Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2007-та година од редовите на Спортинг Лисабон. Тој за „црвените ѓаволи“ настапи на 145 средби, а притоа постигна 26 погодоци. Многумина го сметаа за наследник на неговиот сонародник Кристијано Роналдо, но сепак тој не ги оправда во целост очекувањата со неговата игра во дресот на Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП