19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Сити e №1 за плати во светот на спортот

Манчестер Сити e №1 за плати во светот на спортот

sitipari

Втора година по ред играчите на Манчестер Сити се најдобро платените во светскиот спорт, покажува годишното истражување за 2014-та година на сајтот „Sportintelligence“ во соработка со списанието „The Magazine“ на „ESPN“.

Просечната плата во англискиот фудбалски клуб е 5,3 милиони фунти (8,1 милиони долари) годишно или 102.653 фунти неделно. На второ и трето место се за бејзбол екипите Њујорк Јенкис и Лос Анџелес Доџерс. На четвртото и петтото место се шпанските фудбалски клубови Реал Мадрид и Барселона.

Пет клуба од англиската Премиер лига се во првите 20 на листата, а последното место го зазема актуелниот лидер на табелата Ливерпул со просечна плата од 3.4 милиони фунти годишно.

Манчестер Јунајтед е осми со 4,3 милиони фунти (5.56 милиони долари), полуфиналистот во ЛШ, Челзи е десетти со околу 4 милиони фунти (6,05 милиони долари), а Арсенал е на 11-тото место со 3.9 милиони фунти. Во топ 10 влегуваат уште кошаркарскиот тим Бруклин Нетс на шестото место, Баерн на седмо и Чикаго Булс на деветтото.

Најверојатно не е случајно, дека три од десетте клуба со највисока просечна плата се во сопственост на руски или арапски сопственици. Кога Михаил Прохоров го купи Бруклин Нетс во 2010-та година, платите во клубот се зголемија значително и во моментов просечната плата е 6.8 милиони долари ( 4,5 милиони фунти ), а вкупниот буџет за плати е 102 милиони долари. Тој ќе плати и 70 милиони долари т.н. „луксузна такса“ поради надминувањето на лимитот за платите.

Истражувањето ги пресметува само платите за основната дејност на спортистите, а не за нивните вонредни приходи како спонзорски и рекламни договори и друго.

Во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) се раздаваат најдобрите плати, па 441-те кошаркари во 30-те тима добиваат во просек по 5 милиони долари годишно. Премиер лигата е најдобро платеното фудбалско првенство со просечна плата од 2.27 милиони фунти (3,8 милиони долари).

Бидејќи ова е петтото издание на студијата, организаторите ги претставија и резултатите и за клубовите кои најдобро плаќале во овој период. Според нив фудбалерите на Барселона биле најдоброплатени за последните пет години со речиси 38 милиони долари во просек според платите. Следат Реал Мадрид со 37 милиони долари, Јенкис со 35,8 милиони, а потоа се Манчестер Сити (31,6 милиони) и Челзи (31 милиони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП