19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџерс по секоја цена ја сака ѕвездата на Фиорентина

Роџерс по секоја цена ја сака ѕвездата на Фиорентина

huan 3w

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс одлучи кое ќе биде првото ново засилување на тимот за новата сезона. Станува збор за полудефанзивецот на Фиорентина и колумбиски репрезентативец Хуан Куадрадо.

Според англиските медиуми, сепак преговорите помеѓу Ливерпул и „виолетовите“ се во завршна фаза и англискиот тим е подготвен да плати 20 милиони фунти за правата на 25-годишниот фудбалер.

Интерес кон Хуан Куадрадо имаше и од страна на ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но „црвените“ од „Енфилд“ беа побрзи од конкурентите во преговорите, па така сега останува да се средат најмалите детали од трансакцијата.

Инаку Куадрадо оваа сезона за Фиорентина настапи на 27 средби, а притоа постигна и седум погодоци, додека пак за репрезентацијата на Колумбија, тој одигра 27 натпревари и реализираше три гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП