ПочетнаЕКОНОМИЈАИстанбул се запозна со можностите за инвестирање во Прилеп

Истанбул се запозна со можностите за инвестирање во Прилеп

prilep1

Делегација на општина Прилеп, заедно со стопанска делегација од овој регион, е во дводневна работна посета на Турција.

Целта на посетата е промоцијата на Прилеп како потенцијално место за инвестирање. Пред турските бизнисмени  промовирани се индустриските зони во Прилеп, како и технолошко-индустриско развојната зона во Алинци, каде има локации за странските бизнисмени.

Од прилепската локална самоуправа посочуваат дека потенцијалните инвеститори ќе имаат соодветни услови, инфраструктурни и трговски, за да ги прошират своите бизнис планови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП