19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус и Наполи во „битка“ за Тим Крул

Јувентус и Наполи во „битка“ за Тим Крул

tim krul 03

Италијанските гиганти Јувентус и Наполи во текот на летото ќе влезат во битка за потписот на голманот на Њукасл Тим Крул, пишува „Тутоспорт“. Холандскиот голман, кој го прослави 26-тиот роденден минатата недела, побара нов предизвик и сака да игра во тим со поголеми амбиции, какви што се торинците и неаполитанците.

Во моментов Крул има мала повреда на коленото, која сепак нема долго да го оддалечи од терените. Тој не за прв пат е споменуван како заменик на Џанлуиџи Буфон на голот на Јуве, а пред извесно време Њукасл од „стара дама“ побара 20 милиони фунти за својот голман.

Англиските и италијанските медиуми пишуваат дека реалната цена за него е половина од бараниот износ, односно околу 10 милиони фунти. Но цената сепак може да се покачи, ако и тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез, инсистира да го има холандскиот голман во составот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП