28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордни 18 поени за Антиќ во дресот на Атланта

Рекордни 18 поени за Антиќ во дресот на Атланта

maxresdefault

Екипата на Атланта оствари важна победа во борба за пласман во плеј-офот откако ноќеска славеше на гостувањето кај Индијана со 107:88.

На овој натпревар Македонецот Перо Антиќ постигна за него рекордни 18 поени и притоа имаше шест скокови.

Натпреварот беше решен во првиот дел што заврши со резултат 55:23 за гостите.

Во борбата за учество во разигрувањето за титулата на Атланта во прилог и беше и поразот на Њујорк од шампионот Мајами.

Со триумфот над Њу Орлеанс, Портланд е петтата екипа од Западната конференција што избори пласман во плеј-офот, а Сан Антонио е првата екипа што стигна до 60.та победа сезонава.

Резултати на ноќешните натпревари од НБА лигата: Индијана – Атланта 88:107, Мајами – Њујорк 102:91, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 120:97, Сакраменто – Далас 91:93, Хјустон – Денвер 130:125 (продолжение), Сан Антонио – Мемфис 112:92, Голден Стејт – Јута 130:102, Феникс – Оклахома Сити 122:115 и Портланд – Њу Орлеанс 100:94.

Пласман Источна конференција: Мајами 53-23 (победи-порази), Индијана 53-25, Торонто 45- 32, Чикаго 45-32, Бруклин 42-34, Вашингтон 40-37, Шарлот 39-38, Атланта 34-42, Њујорк 33- 45,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 60-17, Оклахома Сити 55-21, ЛА Клиперс 55- 23, Хјстон 51-25, Портланд 50-28, Голден Стејт 48-29, Далас 47-31, Феникс 46-31, Мемфис 45- 32,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП