28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапиот фудбалски клуб во светот...

Најскапиот фудбалски клуб во светот…

FBL-EUR-C1-REAL-MADRID

Во минатото лето Реал Мадрид извади неверојатни 98 милиони евра за Герет Бејл и Велшанецот стана најскапиот фудбалер во историјата.

Поранешната ѕвезда на Тотенхем со неколку милиони повеќе го собори трансферниот рекорд на Кристијано Роналдо, а двајцата ги чинеа „кралевите“ сума која достигна 200 милиони евра!

Независно од тоа дали на навивачите им се допаѓа или не, фудбалските клубови постојано почнаа да прават мега шеми, а во секој преоден рок, особено летниот, европските богаташи трошат огромни пари. ПСЖ и Манчестер Сити се приклучија на фудбалските гиганти, а двата клуба со сопствениците од Блискиот Исток практично можат да си го дозволат секој играч.

Единствениот услов е фудбалерот да се продава и да има желба да игра за нив. А со изкушителните суми за плати, агенти и трансфери, желбите често стануваат реалност. Реал Мадрид од времето на Флорентино Перез наметна „вонземјански“ трансфер стандарди, но клубот може да си го дозволи тоа и продолжува да го прави.

Според рангирањето на „Форбс“, Реал е најскапиот фудбалски клуб во светот во вредност од 3,3 милијарди евра, а на втората позиција е Манчестер Јунајтед, кој е оценет на 3.18 милијарди евра. Следен во рангирањето е клубот Барселона (2,6 милијарди евра), а по нив се Арсенал (1.33 милијарди), Баерн (1.31 милијарди евра), Милан (945 милиони), Челзи (901 милиони), Јувентус (694 милиони), Манчестер Сити (689 милиони) и Ливерпул (651 милиони).

Интересно е дека 8 од топ 10 најскапи клубови спаѓаат и во десетката на најскапите екипи на Стариот континент, а исклучок се Ливерпул и Милан.

„Црвените“ се лидери во Премиер лигата , а „росонерите“ ја играат една од најслабите сезони во целата своја историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП