20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити најмногу троши на плати во Англија

Сити најмногу троши на плати во Англија

man sit

Манчестер Сити останува клубот кој дава најмногу за плати во Премиерлигата. „Граѓаните“ водат со огромна предност во рангирањето со 233 милиони фунти за 2012-13 година.

Големата вест е тоа што Манчестер Јунајтед се најде на второто место. Актуелниот шампион го претекнува Челзи за прв пат по повеќе од една деценија, пишуваат медиумите во Англија.

Минатата сезона клубот од „Олд Трафорд“ за плати дал 182 милиони фунти, а пак Челзи со 176 милиони се најде на третата позиција.

Во сметките за „сините“ од Лондон се сметаат и 4-те милиони фунти, кои беа платени како казна на поранешниот менаџер Роберто ди Матео, кој беше ослободен по неубедливите резултати.

Аналитичарите коментираат дека Челзи вложува напори да ги покрие барањата со финансискиот ферплеј. Во 2011-12 година „лондончани“ ги намалија трошоците за плати, а минатата сезона има сосема мал пораст од 3%. Кај Манчестер Јунајтед растот е од 11,6 %.

Плус за Челзи е привлекувањето на Еден Азард и Оскар со пониски плати од стандардите на клубот. Двајцата си обезбедија место во стартниот состав и веќе се меѓу главните фудбалери во тимот, дополнуваат медиумите од Островот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП