ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП изрази загриженост од начинот на користење на европските фондови од Бугарија

ЕП изрази загриженост од начинот на користење на европските фондови од Бугарија

bugarija eu

Европскиот парламент денеска усвои препорака во која се повикува Европската комисија да заземе цврст став во однос на Бугарија и сериозно да го разгледа начинот на користење на средствата од ЕУ во земјата, пренесува БТА.

Како што претходно најави претседателот на ЕП, Мартин Шулц, ваквата препораката не е обврзувачка.

Усвоената препорака ја предложи известувачот Маркус Пипер, по претходно одобрение од парламентарната комисија за буџетска контрола, во рамки на извештајот за ослободување од одговорност при спроведување на заедничкиот буџет на ЕУ за финансиската 2012 година.

Според последниот извештај на ЕК за механизмот за соработка и верификација, Комисијата утврдиле „недостиг на напредок“ во Бугарија, континуиран раст на корупцијата и тешкотии при поделбата на одговорност.

Во денешната резолуција европратениците изразуваат и длабока загриженост од оценките на ЕК за Бугарија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП