19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ сигурен против Надал во финалето на Мајами

Ѓоковиќ сигурен против Надал во финалето на Мајами

nole

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои и втората Мастерс титула оваа година откако синоќа во финалето на турнирот во Мајами без многу проблеми го совлада Шпанецот Рафаел Надал.

Двата сета Ѓоковиќ ги доби со 6:3 во гемови. Во текот на целиот меч Ѓоковиќ на свој сервис имаше добиено 83% од поените.

За српскиот тенисер ова беше четврта титула на турнирот во Мајами или вкупно 43.та во кариерата.

Ова беше 40.ти меѓусебен меч на овие двајца тенисери и сега скорот е 22:18 за Надал.

На ранг листата на првите пет позиции прв е Надал, пред Ѓоковиќ, а по нив во ТОП 5 следуваат: Станислас Вавринка, Рожер Федерер и Томаш Бердих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП