Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

ДИЕТА: Протеинска диета – до 6 кг помалку за 12 дена

Време: 14:30

Датум: март 18, 2014

Категорија: ДИЕТИ

proteinskadietains46

Како инспирација за оваа диета послужила Аткинсовата диета чии основни принципи допринеле за настанување на една ваква брза а сепак ефикасна диета без премногу навлегувања во начините на „работа”, фази и слично. Се што треба да се направи е да се испочитува дванаестодневното мени а килограмите брзо ќе си заминат (секако колку ќе ослабете зависи од почетната тежина – колку е таа поголема – поголем број на килограми ќе заминат).

Протеинската диета не само да помага во брзото слабеење туку и во зголемувањето на мускулната маса. Лицето кое се храни според оваа диета не чувствува глад затоа што проетеините брзо даваат чувство на ситост. Оваа диета пред се е за луѓе кои се многу активни и имааат малку време за комплицирани оброци. Меѓутоа,како и секоја друга диета, и оваа има свои предности и недостатоци.

 

Предности :

– Многу брзо слабеете без премногу труд

– Поради долготрајното чувство на ситост, нема потреба за ужина

Недостатоци :

– Кога ја применувате оваа диета,нивото на шеќерот во крвта е намален и недоволен за нормалнофункционирање на телото.Тоа особено влијае врз мозокот така да не може да ја испочитувате оваа диета доколку сте ментално многу активни.

 

Како изгледа протеинската диета по денови

 

Прв ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: Чаша сок од домати, 1 јајце, салата од варена зелка со малку растително масло.

Вечера: Порција варена или пржена риба (250 гр) ,салата од сезонски зеленчук.

 

Втор ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: Салата од зелка и свеж зеленчук со растително масло, порција риба (варена или пржена).

Вечера: Чаша кефир, 200 гр варено јунешко или говедско месо.

 

Трет ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: Парче тиква ( околу половина килограм) печена во рерна. Количината која ќе ја изедете не е ограничена.

Вечера: Салата од свежа зелка со растително масло, две јајца, 200 гр варено говедско или јунешко месо.

 

Четврти ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: 150 гр тврдо сирење, 3 големи варени моркови прелиени со растително масло, едно меко варено јајце.

Вечера: Овошје по избор (250 гр)

 

Петти ден

Појадок: Рендан морков со сок од лимон,чај.

Ручек: Една шоља сок од домати, една голема риба (пржена или варена).

Вечера: Овошје по избор (до 250 гр).

 

Шести ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: Салата од зелка и моркови, 250 гр варено пилешко.

Вечера: Две јајца, шоља исецани моркови прелиени со масло.

 

Седми ден

Појадок: Чај, 1 меко варено јајце.

Ручек: 200 гр варено говедско или јунешко месо, овошје.

Вечера: Шоља јогурт.

 

Осми ден

Појадок: Чај, 100 гр немасно сирење.

Ручек: 200 гр варено говедско или јунешко месо, овошје.

Вечера: Меко варено јајце, сезонска салата.

 

Девети ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: Салата од зелка и морков, 250 гр варено пилешко месо.

Вечера: Две јајца, шоља исецкан морков со малку путер.

 

Десети ден

Појадок: Рендани моркови со сок од лимон,чај.

Ручек: Пржена или варена риба (250 гр), шоља сок од домати.

Вечера: Овошје по избор.

 

Единаести ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.

Ручек: 150 гр тврдо сирење, 3 големи варени моркови прелиени со масло, едно меко варено јајце.

Вечера: Шоља јогурт.

 

Дванаести ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.

Ручек: Една голема тиква динстана на путер, 2 јаболка.

Вечера: Шоља јогурт.

 

Дополнителни напомени:

– Доколку имате редовни физички активности пред и после нив би требало да пиете јогурт ( по 2 дцл ).

– Секој ден треба да испиете по една чаша млеко во периодот кога сакате(најдобро кога ќе почувствувате глад.).

– Главен извор на протеини треба да биде посното месо и нискомасните млечни производи.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Брза диета “3 дена”

    Брза диета “3 дена”

    Брза диета “3 дена” е една од најпопуларните диети денес, бидејќи трае кратко време и дава инстант резултати. Немојте да се чудите што низ целиот…

  • Најдобра диета!

    Најдобра диета!

    Најдобрите диети се составени од едноставни намирници богати со протеини, а сиромашни со калории, тежината се намалува постепено, што гарантира дека нема да врати брзо,…

  • Тридневна детокс диета

    Тридневна детокс диета

    Станува збор за прилично строга диета, заснована на зеленчук со растителни влакна и млечни производи со малку масти. Ќе изгубите тежина, а во исто време…

  • Најпопуларна диета во 2020 година е – Шведска диета

    Најпопуларна диета во 2020 година е – Шведска диета

    Како што трендовите во светот на убавината и модата се менуваат со брзина на молња, не е изненадување што слични работи се случуваат и кога…

  • Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

    Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

    Двопек диетата е идеална за луѓе кои сакаат да ослабат, а не можат да се откажат од леб! Двопек диетата се спроведува со многу овошен…

  • Диета со мед која гарантира резултати

    Диета со мед која гарантира резултати

    Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да се консумира секој ден, а каков е за држење диета – дознајте сами! Нутриционистите советуваат пред…

  • Едноставна контрола на порциите – Шака диета

    Едноставна контрола на порциите – Шака диета

    Ефикасно слабеење се постигнува, не со гладување и претерано откажување, туку со контролирање на порциите и внес на калории. Една од главните причини на нашата…

  • УН диета

    УН диета

    Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат. Диетета трае 90…

  • Таен рецепт за слабеење! Ослабете пет килограми за два дена!

    Таен рецепт за слабеење! Ослабете пет килограми за два дена!

    Магдоносот многу се користи во кулинарството и едноставно обожаваме да го додаваме во супи и салати. Можеме да го јадеме скоро секој ден, но во мали…

  • Што е интервален пост и колку е здрав?

    Што е интервален пост и колку е здрав?

    Интервалниот пост во моментов е најпопуларна диета, која подразбира наизменична смена помеѓу гладувањето и периодот на неограничен внес на калории. Еден од фактите, која ја…